ВЕСТИ, Градиднина

Во посета на Бостание

Проектот ГРАДИДНИНА ги проширува своите познанства! Заедно со учениците од СУГС Никола Карев бевме на зелена посета во општествената градина БОСТАНИЕ, каде што бевме срдечно пречекани. Видовме што значи пермакултура во пракса и зошто е важно практично да се избориме за позелена средина, а успеавме да засадиме и домати. Благодариме на Бостание и Зелената арка, како и на сите активни граѓани, кои ни дозволија увид во своите прекрасни леи!