ВЕСТИ, ПОВИЦИ

Резултати од Конкурсот за дизајн на ЗДРАВО МЛАДИ 11

Другарки и другари,

11-тото издание на Фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ е официјално закажано за 26 и 27 август 2021!
Тимот на МКЦ им се заблагодарува на сите што учествуваа на Конкурсот за дизајн на ЗДРАВО МЛАДИ 11. Стигнаа над 100 дизајни од 94 дизајнери.

Првата награда, за официјален дизајн на ЗДРАВО МЛАДИ е доделена на Катја Штркова, втората награда на Воскресија Андреевска и третата на Весна Аранѓеловиќ.

1. Катја Штркова
2. Воскресија Андреевска
3. Весна Аранѓеловиќ

Наскоро следуваат и early bird билети и најава за првиот настапувач на ЗДРАВО МЛАДИ 11.

Сите новости може да ги следите на социјалните мрежи на МКЦ и ЗДРАВО МЛАДИ.