ВЕСТИ, ПОВИЦИ

Отворен повик: „Reuse & repair chill corner“ @ 20. cinEdays

Повикот е наменет за млади луѓе (од 15 до 20 години), кои сакаат да учествуваат во работилница за изработка на еко ‘chill’ зона инспирирана од филмски сет, во рамки на јубилејното 20-то издание на CINEDAYS.

На работилницата младите ќе научат што е сценографија на филм, што значи поставување на филмски сет, ќе се осмисли каков филмски сет ќе се направи и кои отпадни материјали ќе се користат за да се изработи еко ‘chill’ зоната.

Сите заинтересирани испратете mail најдоцна до 6 јули на office@cinedays.com.mk со вашето име и презиме, mail-адреса, место на живеење и возраст.

*Работилницата ќе се реализира online преку платформата zoom на 7 јули (среда) со почеток во 12:00 часот.

*Физичката реализација и изработка на еко ‘chill’ зоната ќе се случува од 10 до 14 јули во МКЦ.

Оваа активност е во рамки на Програмата за унапредување на образованието за климатски промени и животна средина (www.climateedu.mk) во реализација на Канцеларијата на УНИЦЕФ и поддржана од Шведската агенција за меѓународна соработка (Сида).