ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ е платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, темелена на солидарност, поддршка, заедничко учење и соработка. Во рамки на платформата, од јуни до октомври 2021 година, ќе бидат развиени авторски проекти во полето на современиот танц, перформанс и/или театар, на две локални независни жени уметници, кои ќе добијат сеопфатна поддршка во сите фази и аспекти на креативниот процес. Двете продукции ќе имаат премиера во рамки на Меѓународниот театарски фестивал МОТ.
Повикот е отворен за жени уметници, кои работат на локалната независна културна сцена во полето на изведувачките уметности, кои не се вработени, ниту пак имаат редовен хонорарен однос со некоја јавна институција од областа на културата, за да се ублажи ударот што КОВИД-пандемијата го нанесе на нивната и онака прекаријатната положба. Родовата перспектива и истражувачкиот пристап во уметничките пракси на кандидатките ќе се смета за предност.
Пријавување на tiiiit.inc@gmail.com најдоцна до 15.5.2021 година.
Повеќе информации за платформата и детални упатства за пријавување се достапни овде.