– Задолжително e носењето лична заштитна опрема (маска) за сите посетители на Младинскиот културен центар. Маската е задолжителна за цело времетраење на посетата во МКЦ, во сите простории: хол, тоалет, сала Фросина, Галерија, Галерија 2 (горно фоаје на сала Фросина), Сала 25 Мај, Детски креативен центар, за цело времетраење на настаните.
– Задолжително е одржување физичка дистанца од 1,5 – 2 метри помеѓу посетителите пред билетарницата, пред влезот во холот, пред влезот во секоја од салите на МКЦ и при купување на шанкот.
– Не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката во холот или пред влезот на секој простор.
– Задолжителна дезинфекција на рацете за сите посетители при влез во МКЦ.
– Задолжително мерење на телесната температура на сите посетители при влез на настаните. Доколку посетителот има покачена телесна температура истиот се повлекува на страна и температурата повторно се мери по 5 минути и ако е повторно покачена, посетителот може да го замени билетот за настанот во друг ден или да му бидат рефундирани средствата на каса, доколку билетот е набавен на билетарница. Ако билетот е набавен преку електронски пат, посетителот ги прифаќа Условите за користење на онлајн-продажба на билети на ЈУ МКЦ објавени на веб-страната.
– Се препорачува електронска набавка на билети како и бесконтактно плаќање доколку билетот се набавува на билетарница. Доколку билетот се купува на билетарница, задолжително е одржување дистанца од 1,5 до 2 метри, и истото растојание меѓу вработениот и посетителот.
– Продажбата на пијалоци се одвива на шанковите на МКЦ при што задолжително е одржување дистанца од 1,5м. помеѓу посетителите. Се препорачува плаќањето да се изврши со користење бесконтактни платежни картички.
– Задолжително седење само на местото означено на билетот или на веќе поставените столчиња во просториите во кои не е означено седиште на билетот.
– Користењето на тоалетите е ограничено на максимум двајца посетители во исто време.
– Младински културен центар ги почитува сите актуелни протоколи за одржување настани, вклучувајќи ги и мерките за потврда за имунизација.
* Распоред на седишта во сала Фросина согласно протоколот.
* Во другите сали столчињата се поставени на пропишаната раздалеченост со што се овозможува безбедна дистанца.