45. МОТ 2020, ВЕСТИ

Промени во програмата на МОТ

Почитувани,

Ве известуваме дека има промени во распоредот на 45. МОТ.

Имено, премиерата на „Херои 4:33“ од Театар „Ј. Хаџи-Константинов Џинот“, Велес, закажана за 28 и 29 ноември се одложува за 5 декември (18:00 и 19:00 часот) и 6 декември (18:00 и 19:00 часот).

Хрватското онлајн-гостување со претставата „Ајхман во Ерусалим“ закажано за 27 ноември се одложува за 4 декември во 19:00 часот.

Купените (и бесплатно резервираните) билети за првично најавените термини важат и за новите термини.

Доколку не ви одговаараат термините, ве молиме известете нѐ, за да ви ги рефундираме средствата.

МКЦ