Драги наши соработници, уметници,
Отворен е и Конкурсот за финансирање проекти од Град Скопје.
Сите вие што сакате да аплицирате со свои проекти за 2022 година, а имате потреба од Писмо за согласност од МКЦ, ве молиме да ни пишете на info@mkc.mk, најдоцна до 27 октомври. Колегиумот на МКЦ во најбрз можен рок ќе ги разгледа сите пристигнати барања и ќе ви одговори.
Другарки и другари, наши соработници, уметници,
Конкурсот за финансирање проекти од Министерството за култура е отворен.
Сите вие што сакате да аплицирате со свои проекти за 2022 година, а имате потреба од Писмо за согласност од МКЦ, ве молиме да ни пишете на info@mkc.mk, најдоцна до 20 октомври. Колегиумот на МКЦ во најбрз можен рок ќе ги разгледа сите пристигнати барања и ќе ви одговори.
Се надеваме на успешна соработка.
Ваш МКЦ.