ВЕСТИ

НА ВИНО СО МОЈОТ МАЖ

МОТ ги спои авторката на расказите „Мојот маж“ со режисерките на истоимените претстави

Точно 7 години откако „ Или- Или“ , ја објави збирката раскази на Румена Бужаровска „Мојот маж“, се случи средба за паметење во рамките на фестивалот МОТ. Нашата режисерка Нела Витошевиќ ја запозна нејзината колешка од Белград, Јована Томиќ, а заслуга за тоа има авторката Бужаровска, чии раскази за жените и мажите- жртви на патријархатот, со изобилството дијалози, се податливи за сценски приказ.

МНОГУ Е ГОЛЕМО УЖИВАЊЕ ЗА ЕДЕН АВТОР ДА МОЖЕ ДА СИ ГИ ВИДИ ДЕЛАТА НА ДРУГ НАЧИН ОД ТОА ШТО ПЛАНИРАЛ ИЛИ ПЛАНИРАЛА. ЈАС ГИ ПИШУВАВ ТИЕ РАСКАЗИ ПРВИЧНО, НЕ МИСЛЕЈЌИ КАДЕ ЌЕ СТИГНАТ ИЛИ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НИВ. НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАВ ДЕКА ЕТЕ ТОА ЌЕ ГО ИМА ЕДЕН ДЕН. БАШ ВО ТОЈ ПЕРИОД НА ПАНДЕМИЈА ДЕКА ЌЕ ИМА ЕДНА ЗАРАЗА ОД „МОЈОТ МАЖ“ , ВО РЕГИОНОТ, РЕЧЕ РУМЕНА БУЖАРОВСКА – АВТОРКА НА ЗБИРКАТА РАСКАЗИ „МОЈОТ МАЖ“

Постановката на Југословенско драмско позориште од Белград, е дуо драма која низ 5 раскази од збирката ги преиспитува односите меѓу жените , во различни ситуации.

НАДВОР ОД ОСНОВНАТА ВИЗУРА ШТО ЈА ДИКТИРА ЕДНА ЖЕНА, НИЕ ВСУШНОСТ ДОБИВМЕ РАМНОПРАВНИ УЧЕСНИЧКИ КОИ ОД ПРИКАЗНА ДО ПРИКАЗНА СЕ ВО РАЗЛИЧНИ УЛОГИ, ДРУГАРКИ, КОЛЕШКИ, МАЈКИ ИТН., ИЗЈАВИ ЈОВАНА ТОМИЌ – РЕЖИСЕРКА НА ПРЕТСТАВАТА.

А, претставата на Драмскиот театар од Скопје , преку 6 раскази од збирката и на нив блиски лични исповеди на актерите, нуди лепеза од различни емоции на тема машко- женски односи.

РУМЕНА МНОГУ ДОБРО ГО ОПИШУВА ТОЈ МАКЕДОНСКИ КОНЗЕРВАТИВИЗАМ, ОД ЧИЕ МИЛЈЕ СМЕ И НИЕ КОИ ШТО СМЕ ДЕЛ ОД ПРЕТСТАВАТА. НИЕ ТОА НЕКАКО НА ПОПСИХОЛОШКИ НАЧИН ГО ПОГЛЕДНАВМЕ И ПРОБАВМЕ НИЗ ТАА ПРИЗМА НА ХУМОР И БОЛКА ДА ГО ИЗВАДИМЕ СЕТО ОНА ШТО БИЛО ЗАТРУПАНО, ВЕЛИ НЕЛА ВИТОШЕВИЌ – РЕЖИСЕРКА НА ПРЕТСТАВАТА.

И покрај планираното, поради ковид позитивни, на МОТ не дојде ансамблот на Словенско народно гледалишче од Љубљана, со нивната верзија на „ Мојот маж“.

Сотир Трајков

  • Текстот е преземен од Телма
Дополнителна препорака:

МКЦ