Другарки и другари,
по распишаниот јавен повик за аплицирање ‘Ликовна програма 2021’, кој траеше од 2 до 17 февруари, до МКЦ беа доставени 49 апликации.
Комисијата ги разгледа сите пристигнати апликации. По утврдувањето на комплетноста и валидноста на доставените апликации, комисијата одлучи да ги селектира следниве автори (проекти):
- Галерја ГРАЛ – „Иконологија на ритуалот“
- Ненад Тонкин – „Детска фантазија“
- Бранкица Јордановска – „Маска или преобразба на изопаченото“ (работен наслов)
- Филип и Ангел Коруновски – „Symbiotix“
- Александра Петрушевска – „Временска дистанца“
- Давид Ристевски – „Етикети на општеството“
- Марија Трајаноска – „Слики“
- Блаже и Ирина Атанаскови – „Untangled / Отплеткано“
- Дејан Давчевски – „Oд ѕид на платно“
- Иван Мегленов – „Илустрации“
- Виктор Поповски – „Урбана архитектура во двојна експозиција“
- Воскресија Андреевска – „Апстродистракција“
- Ана Трајковска – Изложба
- Колектив пркос – „Паралелен универзум“
- Трајче Чатмов – „Брутална вистина – Баханалии“
Доколку има простор во текот на годината, или некоја од селектираните изложби не е во можност да се реализира и се откаже, или пак постои можност некоја од изложбите да се реализира на отворен простор, како алтернатива ќе одбереме некој од авторите што не беа првично прифатени, а беа во потесен избор.