ВЕСТИ, ПОВИЦИ

Конкурс за куса-куса критика

Малиот новогодишен саем на книги објавува конкурс за куса-куса книжевна критика.

  • Критиките треба да се состојат од 100 зборови.
  • Кусите критики треба да се однесуваат на изданија од домашни издавачки куќи, без разлика на авторството или жанрот.
  • Целта на конкурсот е промовирање на домашната книжевна продукција и поттикнување на книжевната критика како важен креативен процес.
  • Петте најдобри критичар(к)и ќе бидат наградени со книги во вредност од 1000 мкд, кои ќе може да ги подигнат од Малиот новогодишен саем на книга помеѓу 24 и 27 декември.
  • Најдобрите критики ќе бидат објавени на Окно.
  • Рокот за испраќање на критиките е 21 декември, понеделник, на мејл: novogodisen.saem.na.knigi@gmail.com со назнака „За коннкурс за куса-куса-критика“.

Малиот новогодишен саем на книги ќе се одржи во Градски парк Скопје и ќе обедини девет домашни издавачки куќи: Темплум, Бегемот, Или-или, Сказнувалка, Слово, Гаврош, ПНВ Публикации, Бункер и Чудна шума.
Дополнително, изданијата ќе бидат достапни и за достава почнувајќи од 21 декември, до сите градови во Македонија.