Конкурс за деветтиот фестивал на гифови GIFEST#9
Почитувани гиф-автори и креативци од областа на дигиталните уметности, вашите дела за учество на деветтиот фестивал на анимираниот гиф може да ги праќате на gifest.subotica@gmail.com
Конкурсот е отворен до 28 мај.
Условите, како и минатата година се:
- анимираниот гиф мора да се состои од најмалку два фрејма;
- нема ограничувања во поглед на содржината, темата и формата на гифот (дозволено е сѐ од апстрактно до ангажирано);
- секој автор може да испрати максимум пет сопствени гиф-дела.
Учеството на фестивалот е бесплатно и отворено за сите. Пријавените трудови мора да бидат авторски дела на испраќачот.
Потребни податоци покрај гиф-делата:
- име на гиф-делото;
- име, презиме и контакт на авторот.