ВЕСТИ, ПОВИЦИ

Конкурс за дизајн на ЗДРАВО МЛАДИ

Во изминатите 10 години, на визуелниот облик на фестивалот имавме чест и задоволство да работиме со исклучително талентирани дизајнери на кои сме им неизмерно благодарни. Дизајнот за ЗДРАВО МЛАДИ 1, 2, 3 и 4 беше дело на нашиот вечен арт-директор Иван Петрушевски – Флим. 5-тото и 6-тото издание го дизајнираше нашиот драг пријател од Загреб, Дарко Кујунџиќ, додека седмиот ЗДРАВО МЛАДИ го среди домашната Кристина Горовска. Лик на 8-мото издание на фестивалот му даде Ѓорѓи Јаневски, а 9-тото и 10-тото издание го потпишаа другарите од fabricca.

Во тек се подготовките за 11-тото издание на фестивалот на нова музика и сакаме постерот/дизајнот за ова издание да го направите вие. Некој/а што го сака фестивалот, кој/а имал/а идеја и замисла како може да изгледа ликот на омилениот негов/нејзин фестивал.
Така што, доколку имате идеја и желба да бидете дел од фестивалот, седнете и изразете се најдоцна до 14 февруари и пратете ни предлог како мислите дека треба да изгледа дизајнот за ЗДРАВО МЛАДИ 11.

И тоа не е сè…
Ќе наградиме 3 дизајни, од кои првонаградениот ќе биде официјалниот дизајн за ЗДРАВО МЛАДИ 11.
Наградите се во вредност од:
• [прва награда] 12.000 денари
• [втора награда] 5.000 денари
• [трета награда] 3.000 денари

Сите пристигнати дизајни ќе бидат дел од групна изложба, која ќе се реализира во рамки на 11-тото издание на ЗДРАВО МЛАДИ закажано за 26 и 27 август 2021 во/околу МКЦ.

Вашите предлози испратете ги на info@mkc.mk со наслов „и јас сум ЗДРАВО МЛАДИ 2021“ најдоцна до 14 февруари 2021.