Другари и другарки, соработници и сите вие што сакате да аплицирате во Министерството за култура за проекти што би се случувале во 2021 година во Младинскиот културен центар, ве молиме да ги побарате вашите писма на согласност најдоцна до 1 ноември, на info@mkc.mk. Програмскиот колегиум ќе ги разгледа поднесените барања и ќе одговори најдоцна до 3 ноември. Ве молиме да го почитувате наведениот термин, за да бидеме еднакво коректни кон сите.
Барањата пристигнати по 1 ноември воопшто нема да бидат разгледани.
Се надеваме на успешна соработка.
Со почит,
МКЦ тим