Другарки и другари,
По распишаниот јавен повик за аплицирање, ‘Ликовна програма 2022’, кој траеше од 14 февруари до 1 март, до МКЦ беа доставени 58 апликации.
Комисијата ги разгледа сите пристигнати апликации. По утврдувањето на комплетноста и валидноста на доставените апликации, комисијата одлучи да ги селектира следниве автори (проекти):
• Иван Петрушевски
• Роберт Урошевиќ
• Гоце Илиевски
• Благојче Наумоски Бане
• Марко Гутиќ Мижимаков
• Принт Нест
• Риџет Ферати
• Ване Костуранов
• Калина Брајковска
• Александар Ефтимовски
• Сања Симоска
• Ѓорѓе Јовановиќ
• Олимпија Камчева Сточевска
Доколку има простор во текот на годината, или некоја од селектираните изложби не е во можност да се реализира и се откаже, или пак постои можност некоја од изложбите да се реализира на отворен простор, како алтернатива ќе одбереме некој од авторите што не беа првично прифатени, а беа во потесен избор.