ВЕСТИ, ПОВИЦИ

Драмско студио во ДКЦ

Драмското студио – ДКЦ почнува со редовни часови за деца од 6 до 13 години, поделени во групи според возраста.

КАДЕ? – Драмското студио ДКЦ се наоѓа во просториите на Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар, на вториот кат.

КОГА? – Уписите траат до 29 септември (четврток). Часовите започнуваат на 1 октомври (сабота). Часовите ќе се одржуваат секоја сабота во ДКЦ. Првата група од 11:00 ч. а втората група од 13:00 часот. 

ЗОШТО? – Целта на овие часови е преку игри и забава да се доближи театарската уметност до децата. Таквиот креативен процес ќе придонесе за социјалниот и емоционалниот развој на децата, поттикнување на креативноста, ослободување на фантазијата, подобрување на јазичните вештини, подобро изразување, збогатување на личниот вокабулар, подобрување на самодовербата, контролирање на агресивноста, трпение, когнитивен и физички развој. Исто така, децата директно ќе учествуваат во процесот на креирање на една театарска претстава.

Едукатори на часовите се дипломирани актери.

Месечната претплата изнесува 1000 денари.