ВЕСТИ, ПОВИЦИ

Драмско студио за деца на турски јазик

Ново во Детскиот креативен центар!
Драмското студио ДКЦ започнува со часови по театар и драмска уметност наменети за деца на турски јазик!

 

Ајде деца на театар!
Детскиот креативен центар ДКЦ започнува со часови по театар и драмска уметност наменети за деца на турски јазик.
Децата уште од својата најрана возраст со помош на имитација ги користат своите тела и почнуваат да комуницираат. Поради ова театарската уметност е многу важен сегмент во развојот на едно дете. Целта на овој курс е преку игра и забава да се доближи театарската уметност до децата. Таквиот креативен процес ќе придонесе за социјалниот и емоционалниот развој на децата, преземање одговорност, ослободување на фантазијата, подобрување на јазичните вештини, подобрување на самодовербата, трпение, когнитивен и физички развој. Исто така, децата ќе научат и директно ќе учествуваат во процесот на приготвување на една театарска претстава, како и одредени поими и професии од таа област.
• Часовите се наменети за деца од 6-13 годишна возраст.
• Почеток на курсот: 7 март
• Ден и час: сабота 12:00-13:30
• Рок на пријавување: 5 март
• Место: Младински културен центар (МКЦ) втор кат/ Кеј Димитар Влахов бр.15 МК-1000 Скопје
– Часовите ги држат дипломирани актери.
За повеќе информации јавете се на 077897186

Haydi Çocuklar Tiyatroya!
Çocuk Yaratıcı Merkezi’nde Türkçe tiyatro ve drama kursu Mart ayında BAŞLIYOR!
❗KURSUN AMACI
Mutlu bir çocuk dünyayı değiştirebilir!
Çocuklar, taklit ederek bedenlerini kullanmayı ve iletişim kurmayı öğrenirler. Bu nedenle tiyatro sanatı, çocukların eğitiminde mutlaka kullanılmalıdır. Dış dünyayı anlamayı, ekiple çalışmayı ve sorumluluk almayı, karşısındakini anlama becerisini kazanmayı, olaylara dışarıdan bakmayı kolaylaştıran tiyatro; oyun yolu ile çocukları yaşama ile bağlamaktadır. Tiyatro; çocukların dikkat, algılama, dinleme, konuşma, bedenini kullanma ve iletişim kurma becerilerini geliştirir. Soyut kavramları somutlaştırabilmesini sağlar. Duygularını tanıma ve anlamlandırmada işlerini kolaylaştırır.
Aynı zamanda çocuklar bir oyun hazırlama sürecinin ve alandaki belirli terim ve meslekleri doğrudan öğrenecek ve oyunlara katılacaklardır.
YAŞ GRUBU
Çalışma 6-13 yaş arasında çocuklar için uygundur.
GENEL BİLGİLER
Başlangıç tarih: 7 MART 2020
Gün ve Saat: Cumartesi günleri (12 – 13:30) *saat değişebilir
Son başvuru tarih: 5 MART 2020
Yer: Gençlik Kültür Merkezi ( Младински културен центар) ikinci kat/ Dimitar Vlahov No. 15 MK-1000 Skopje
• Eğitmen oyunculuk mezunudur. Daha detaylı bilgi ve sorunlarınız için 077897186 arıyabilirsiniz.

 

МКЦ