Драги родители, почнуваме со нова сезона креативни работилници во ДКЦ
Оваа сезона имаме малку поинаков концепт и организација на групите:
- групата во понеделник е работилница за креативно пишување наменета за деца од 8 до 11 години (од трето одделение до петто, со тоа што ги охрабруваме децата што се второ одделение, а имаат желба за пишување да се пријават во оваа група);
- групата во вторник е наменета за деца од 6 до 8 години (предучилишна, прво, второ одделение). Оваа група заедно ќе ја водат Билјана Црвенковска и Доротеј Нешовски и фокусот ќе биде главно изразување преку цртеж, односно креирање приказна преку цртеж. Пишувањето ќе биде во втор план.
Пријавете се на мејлот: biljana.crvenkovska@gmail.com
Пријавувањето трае до 2 март 2020.
Ментор / понеделинк /Билјана Црвенковска
Ментори / вторник /Билјана Црвенковска и Доротеј Нешовски