ВЕСТИ, ПОВИЦИ

CreArt повик за резиденција во Скопје

Град Скопје ги известува уметниците што живеат и работат во Скопје дека е распишан отворен повик за уметнички престој во Скопје, што ќе се одржи од 15 мај до 15 јуни 2020 година во соработка со ЈУ Културно-информативен центар, како дел од активностите на европскиот проект кофинансиран од страна на програмата на Европската Комисија „Креатива Европа“ CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

Рокот за пријавување е до 5 април 2020 година.

Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на онлајн апликација на следниот линк: АПЛИЦИРАЈ