ВЕСТИ, ПОВИЦИ

CINEDAYS повик за волонтери

Другари и другарки, повикот за волонтери на јубилејниот 20-ти CINEDAYS е официјално отворен!  

Оваа година фестивалот ќе се одржи од 15 до 21 јули на неколку локации во Скопје. Сите заинтересирани што сакаат да бидат дел од организацијата на фестивалот се добредојдени.

Пишете ни на sonja@mkc.mk со вашето име и презиме и контакт телефон.

Повикот трае до 30 јуни.

Однапред ви благодариме и нестрпливо чекаме да го реализираме овој јубилеј заедно.