ВЕСТИ, ПОВИЦИ

CINEDAYS КОНКУРС: LIVING MUSIC ПРОЕКТ

CINEDAYS објавува отворен конкурс за студенти (или дипломирани) режисери, музичари (аматери или професионалци) без ограничувања на возраста. Living music e резиденцијален проект, кој ќе се реализира за време на 20. CINEDAYS во Скопје.

Ментор на проектот е Дарија Андовска, редовен професор на ФДУ и ФМУ Скопје, композиторка, пијанистка и авторка на оркестарска, камерна, солистичка, вокална музика, музика за филм, театар и танц и мултимедијални проекти.

Кој може да аплицира?

  • Студенти (или дипломирани режисери)
  • Музичари (аматери или професионалци)
  • Без ограничувања за возраста

До кога трае рокот за аплицирање?

Рокот за пријавување е до 4 јуни 2021 до 16 часот.

Што да очекувате?

  • Датуми за резиденцијален престој во Скопје од 9 до 19 јули; трошоците за сместување, пат, храна и акредитација за фестивалот се на трошок на организаторот
  • Формирање 6 тима од апликантите од страна на комисијата (секој тим е составен од 1 режисер и 1 композитор)
  • Активна работа на проектот од 9 до 15 јули , проби на 16 и 17 јули и завршна презентација на 18 јули
  • Spotting-сесии и креирање музика на однапред селектирани краткометражни филмови
  • Композиторите треба да вклучат музичари во живо, ансамбл од 1 до 7 музичари по нивни избор. Музиката треба да биде електронска во комбинација со перформанс во живо или само акустична (перформанс во живо)
  • Презентацијата е предвидена како концерт со проекција

Партиципација за учество во проектот е 100 евра со кои се покриени сместувањето, патните трошоци, работа со ментор и асистент, храна и акредитација за фестивалот. Постојат лимитирани можности за стипендирање на партиципацијата. За истото обратете се на организаторите на следната електронска адреса: contact@cinedays.com.mk. 

Ако имате какви било прашања во врска со апликацијата, организаторите ви стојат на располагање на социјалните мрежи на МКЦ/CINEDAYS.

Официјален јазик:  македонски, англиски, српски, хрватски, босански