ВЕСТИ, ПОВИЦИ

CINEDAYS КОНКУРС: LIVING MUSIC ПРОЕКТ 2022

CINEDAYS објавува отворен конкурс за студенти, дипломирани режисери, монтажери и сите што имаат свој авторски филм (продуценти, DOP, сценаристи, итн.), музичари/композитори без ограничувања на возраста. Living music e резиденцијален проект, кој ќе се реализира за време на 21. CINEDAYS во Скопје.

Ментор на проектот е Дарија Андовска, редовен професор на ФДУ и ФМУ Скопје, композиторка, пијанистка и авторка на оркестарска, камерна, солистичка, вокална музика, музика за филм, театар и танц и мултимедијални проекти.

Студентите, дипломираните режисери и монтажерите потребно е да понудат еден филм за работа на музика, како и уште два филма во апликацијата.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

  • Студенти (или дипломирани режисери)
  • Музичари/композитори (аматери или професионалци)
  • Монтажери, продуценти, DOP, сценаристи
  • Без ограничувања за возраста

ДО КОГА ТРАЕ РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ?

  • Рокот за пријавување е до 20 јуни 2022 до 16 часот.

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ?

  • Датуми за резиденцијален престој во Скопје од 3 до 14 јули; трошоците за сместување, пат, храна и акредитација за фестивалот се на трошок на организаторот
  • Селекција на филмови од апликантите за кои ќе се креира музика
  • Формирање тимови од апликантите од страна на комисијата
  • Активна работа на проектот од 3 до 13 јули, проби на 11 и 12 јули и завршна презентација на 13 јули
  • Spotting-сесии и креирање музика на однапред селектирани краткометражни филмови од активните учесници во работилницата
  • Композиторите треба да вклучат музичари во живо и/или камерен гудачки оркестар. Музиката треба да биде електронска во комбинација со перформанс во живо или само акустична со перформанс во живо
  • Презентацијата е предвидена како концерт со проекција

Ако имате какви било прашања во врска со апликацијата, организаторите ви стојат на располагање на социјалните мрежи на МКЦ/CINEDAYS.