ВЕСТИ, ПОВИЦИ

CINEDAYS КОНКУРС: 72 часа еко-филм

CINEDAYS објавува конкурс за млади од 16 до 20 години од Скопје и Македонија, кои аплицираат како тимови од 3 до 5 учесници за снимање кратки видеа на однапред зададена еко-тема.

Во текот на петдневниот престој во Скопје за време на фестивалот, учесниците имаат задача во рок од 72 часа да направат сценарио, снимат и монтираат кратко видео на тема што ќе ја одберат по случаен избор.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
Млади на возраст од 16 до 20 години, со или без претходно познавање на техники за снимање.

ДО КОГА ТРАЕ РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ?
Рокот за пријавување е до 16 јуни 2021 до 16 часот.

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ?

  • Датуми за резиденцијален престој во Скопје во времетраење од 5 дена во периодот од 10 до 20 јули (датумите ќе се прецизираат по завршувањето на Конкурсот);
  • Покриени трошоци за сместување, пат, храна и акредитација за фестивалот;
  • Одредување одредена еколошка тема по која започнува истекот на рокот од 72 часа за снимање и продуцирање на видеото;
  • Презентација на снимените видеа на групна проекција за време на фестивалските дати и гласање за најдоброто видео;
  • Награди за целата екипа од најдобриот филм, од фондот на настани во МКЦ;

Координатор на проектот и лице за контакт: Емилија Чочкова, email: office2@cinedays.com.mk