Женскиот младински хор при МКЦ на ICCR’s International Choral Festival во Индија

На покана на владиниот совет за културни релации на Индија, Женскиот младински хор при МКЦ реализираше видеоснимка на композиција од македонски автор со која учествуваше во прелиминарната рунда од светски хорски натпревар. На наше огромно задоволство добивме информација од организаторот дека од пристигнатите над 170 видеа на хорови од целиот свет, интернационалното жири одлучило и изведбата на Женскиот младински хор при МКЦ да се претстави на големиот онлајн-концерт на кој ќе учествуваат и хорови од уште 22 други земји.
Концертот ќе биде емитуван на 18.12.2020 во 12:30 часот по централноевропско време на следниот линк: