2021 беше година исполнета со вистинска дивергентност кога станува збор за она што ни беше презентирано од визуелната сфера во Младинскиот културен центар. Во текот на изминативе месеци имавме можност да посведочиме за прогресот на уметници од новата и средната генерација, низ изложби работени во класични сликарски и цртачки техники, но и неколку целосни експериментирања со медиумите и нивно комбинирање со други техники. Одовде, земајќи предвид повеќе фактори, како од аспект на техничката изведба, идејата и целта што авторот сакал да ја постигне и пренесе преку сопствените дела, така и од аспект на сеопштиот впечаток што изложбата го оставила врз публиката. Одовде, по завршувањето, секоја изложба го добиваше своето место на ранг-листата на изложби за 2021 година.
На крај таа изгледа вака:
- „Изложба“ – А.Трајковска, Д. Стефановски, И. Секулоска, Ј. Јосифовски, Галерија МКЦ, 14.4.2021
- „Vanishing point“ – Александра П. Ристовска, Галерија МКЦ, 6.12.2021
- „Ѕиркачот“ – Стефан Божиновски, Галерија 2 МКЦ, 27.10.2021
- „Интимно понирање“ –Трајче Чатмов, Галерија МКЦ, 20.5.2021
- „Ефлувиум“ – Срѓан Миќиќ, Галерија МКЦ, 16.12.2021
- „Од ѕид на платно“ – Дејан Давчевски, Галерија МКЦ, 10.7.2021
- „Метаморфоза“ – Бојан Ковски, Галерија 2 МКЦ, 10.12.2021
- „Детска фантазија“ – Ненад Тонкин, Галерија МКЦ, 18.6.2021
- „Иконографија на ритуалот: Пливање во лепливото езеро“ – Е. Чемерска, И. Мирчевска, Ф. Велковски, Галерија МКЦ, 31.10.2021
- „Пресоздавање“ – Јулија Манојловска, Галерија МКЦ, 26.07.2021
- ,,Symbiotics“ – Ангел и Филип Коруновски, Галерија МКЦ 23.11.2021
- ,,Просторот во мене, јас-насекаде“ – Марија Трајаноска, Галерија МКЦ, 8.10.2021
- ,,Носталгија“ – Иван Мегленов, Галерија МКЦ, 5.5.2021
- ,,Урбана архитектура во двојна експозиција“ – Виктор Поповски, Галерија 2 МКЦ, 4.6.2021
- ,,СТАДО“ – А. Калин, Д. Ристевски, Галерија МКЦ, 9.9.2021
- ,,Маска или преобразба на изопаченото“ – Бранкица Јордановска, Галерија МКЦ, 1.9.2021г.
- ,,Паралелен универзум“ – Колектив ‘Пркос’, Галерија МКЦ, 24.12.2021
Се гледаме со нови сили и уште поголема продуктивност во новата 2022 година!
Со почит,
Ангела Витановска, историчар на уметност