ВЕСТИ, УБАВИ НЕШТА

Pluto’s Doubts дел од светската конференција „Mondo“

По објавувањето на нивниот последен сингл, „Слепа за луѓе свои“ и неколкуте настапи низ Македонија, Плутоси на социјалните мрежи објавија дека овој месец ќе настапуваат на фестивалот Mondo во Њујорк (17 октомври) и фестивалот Gotobeat во Лондон (30 октомври). Поради моменталната ситуација со светската пандемија и неможноста за патување, тие ќе настапат со live-stream видео, изведувајќи песни од нивниот деби албум „Сизиф”, синглови како „Немир и валиум” и „Слепа за луѓе свои“ како и досега необјавен материјал.

Mondo е конференција, која ги обединувата технологијата и музиката, пропратена од музички фестивал со значително голема посетеност и капацитет, кој за прв пат оваа година ќе се одржи преку online streaming. Оваа година, освен Pluto’s Doubts ќе настапуваат и Aloe Blacc и Brian Fallon. Влезниците за конференцијата почнуваат од $99 дo $199, истата ќе биде интерактивна и пренесувана на каналите на Mondo, додека преносот на live концертите ќе биде бесплатен на следниот линк.

Лондонските настани на Gotobeat пак се фокусираат на независната европска музичка сцена. Настапот на нашите Pluto’s Doubts може да го проследите на 30 октомври на нивната веб-страна.

*Текстот е преземен од portret.digital

МКЦ