УБАВИ НЕШТА, ПОВИЦИ

Отворен повик – МакеКоПроДокс форум 2020

Отворен повик за продуценти/автори на документарен филм за учество на МакеКоПроДокс форум 2020

Почитувани,

МакеКоПроДокс форумот има за цел да развие стратешки план за зајакнување на копродукциите на документарниот филм помеѓу земјите од Балканот. На форумот ќе присуствуваат претставници од 12 регионални филмски агенции, 3 скандинавски филмски агенции и 10 проекти во финална фаза на продукција.

Во пресрет на економска криза, културата и филмската индустрија се честопати најпогодени од намалувањето на буџетите. Само преку делување солидарно и преку зголемување на регионалните копродукции, балканските земји можат да го зголемат бројот на финансирани проекти во ситуација на намалени средства.

Поради неизвесноста за можните мерки предизвикани од кризата со ковид-19, второто издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи онлајн.

Форумот го организираат: фестивалот „Македокс“, Агенција за филм на Република Северна Македонија и Креативна Европа Медиа Деск МК.

 

Датуми: 5, 6, 21, 24, 25 август и 21 септември.

 

Модератори:

– Бриџид О’Шеа (Документарна Асоцијација на Европа и Координатор на Док Индустри на Док Лајпциг)
– Хеле Хансен (Комесар за документарни филмови – Норвешки филмски институт)

Цел:

„Македокс“ ќе ги покани клучните личности од документарната филмска индустрија од целиот свет, ќе ги претстави можните начини на соработка и ќе се обиде да направи долгорочна соработка помеѓу филмските агенции од регионот. Целта со овој проект е за првпат да се воспостави нов сектор на алијанса на Балканот, како единствен начин да се амортизираат последиците од кризата.

Во рамки на онлајн сесиите ќе бидат претставени проблемите со кои се соочуваат регионалните земји во голема мера како резултат на кризата и ќе се направи обид да бидат најдени можни начини за нивно надминување, истовремено истакнувајќи ги нивните неспецифични регулативи посветени на развојот и продукцијата на документарни филмови.

Форумот кани:

– 12 претставници на филмски агенции од регионот (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција)
– Претставници од скандинавските филмски агенции (Шведска, Данска, Норвешка)
– Претставници на ТВ радиодифузери (HBO Europe, АL Jazeera Balkans, Current Time TV)
– Претставници (филмски програмери) од новоформираната ФестДоксНетворк (Док Минхен, Докс Барселона, Фипа Док, Македокс)
– Филмски дистрибутери од регионот
– Локални продуценти.

Менторскиот дел за проектите се состои од:

– Работилница за пичинг со Бриџид O’Шеа (6 август)
– Пичинг сесии и еден-на-еден состаноци со учесниците со проекти (25 август)

Кој може да аплицира:

Продуценти/автори на документарни филмови со аудиовизуелни проекти во финална фаза на продукција од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција.

*Ве молиме имајте предвид дека не бараме приказната да биде снимена во регионот

Главни критериуми за аплицирање со проект:

– Да е долгометражен документарен филм
– Да е во фаза на пост-продукција
– Да е снимен или продуциран во продукција/копродукција со некоја од 12-те земји во регионот.

Рок за пријавување: 27.07.2020

Аплицирајте на festival@makedox.mk со трејлер доколку го имате, или со одбрани сцени (макс. 20 мин.).

Изборот на доставени проекти ќе го изврши комисија за проценка, земајќи ги предвид критериумите за подобност. Резултатите ќе бидат објавени преку е-пошта.

МКЦ