ВЕСТИ, УБАВИ НЕШТА

Отворен конкурсот „Новите!“

Конкурс за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ за 2020

Издавачката куќа „ТЕМПЛУМ“ по петнаесетти пат го распишува конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик.
Ракописите, кои се испраќаат по електронска пошта, треба да бидат напишани на кирилица во македонска кодна поддршка, со фонт 12, проред 1,5 во А4 формат.
Наградата изнесува 1000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.
Спонзор на наградата е Комерцијална банка.

Целта на наградата е да ги промовира и афирмира новите автори во македонската книжевност, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла: културно, пред сè, но и економски и медиумски…

Досегашни добитници на наградата „Новите!“ се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус (Климент Булоски), Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон, Кирил Минанов, Дејан Мирчески, Драган Георгиевски, Михајло Свидерски, Сања Михајловиќ Костадиновска, Ѕвездан Георгијевски, Гето Руди, Дејан Василевски, Андреј Ал-Асади и Ирена Јурчева.

Услови на конкурсот:

  • за наградата можат да конкурираат исклучиво дебитанти кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга. Под проза пред сè ги подразбираме кусите или подолгите раскази и романи, но како проза ќе ги третираме и специфичните жанровски експериментални форми.
  • ракописот не смее да биде подолг од 160 страници, т.е. 300.000 компјутерски знаци, а да не биде покус од 48 страници, т.е. 90.000 компјутерски знаци.
  • Ракописите можете да ни ги испраќате до 6-ти декември 2020 година на следнава електронска адреса: konkurs.novite@gmail.com

За сите дополнителни прашања можете да се обратите на истата адреса на која се испраќаат ракописите.

www.okno.mk

МКЦ