ВЕСТИ, УБАВИ НЕШТА

ОДИМЕ ВО ПЛАНЕТАРИУМ

Драги пријатели, (посебно вие најмладите, учениците, кои сте нашата омилена публика, а и вие малку постарите), со задоволство сакаме да ве известиме дека по двегодишна пауза, Планетариумот во МКЦ започнува со работа од 1 март 2022 година. Повторно ќе имате можност да учите за планетите, за ѕвездите, за сите светли и темни нешта во вселената, за сѐ околу нас.

Предавањата ги реализираат нашите ценети предавачи Моника Пешевска и Радан Митровиќ. Предавањата се адаптирани според возраста на посетителите.


Условите за посета на Планетариум се во согласност со постоечките официјални протоколи за справување со пандемијата предизвикана од Ковид 19. 

Максимален број на посетители на едно предавање во Планетариум е 30 лица. Сите посетители треба да носат заштитна маска за време на предавањата.