ВЕСТИ, УБАВИ НЕШТА

Нов албум на Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски

„Шарла Рекордс“ го претставува албумот „Two Ways East“ на дуото Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски.

Се работи за две добро познати имиња на македонската независна музичка сцена преку нивните проекти како членови на групите „Fighting Windmills“, „Светлост“ и неколку други успешни колаборации.

„За разлика од таму, каде Дени и Нино ги свират своите матични инструменти – бас/контрабас и саксофон/кларинет, овде, овие школувани музичари прават исчекор кон музика компонирана и изведена на две пијана“, соопштуваат од „Шарла“.

Од таму посочуваат дека композициите од овој албум се работени првенствено преку процесите на спонтана композиција и врамена импровизација, како и варијации на однапред зацртани теми.

Жанровски се скоро невозможни за дефинирање, сместени во контекстот на еклектичен пост-модернизам, иако музичката историја на авторите неизбежно сугерира free jazz дискурс“, соопштува „Шарла“.

Фотографијата на обвивката е дело на Ана Ивановска, уметник чии слики се наоѓаат на 4 од последните 6 албуми на проектите на Омерагиќ и Спировски. Фотографијата, оригинално е дел од аудио-визуелен проект помеѓу Ивановска и Омерагиќ (моментално одложен на неодредено време), а дел од музиката наменета за истиот може да се чуе во композицијата „Rivers“.

Албумот „Two Ways East“ се состои од 3 композиции со вкупно времетраење од 45 минути и може да се преслуша и на одредено време слободно да се симне на следниот линк:

*Текстот е преземен од Радио МОФ

МКЦ