ВЕСТИ, УБАВИ НЕШТА

„Мојот маж“ во Југословенско драмско позориште

Збирката раскази „Мојот маж“ на македонската писателка Румена Бужаровска како театарска претстава ќе биде поставена на сцената на Југословенско драмско позориште (ЈДП) во Белград а ќе го режира Јована Томиќ.

Од ЈДП сопштија дека во тек се проби поставката во која играат Сања Марковиќ и Јована Беловиќ. Драматург е Димитрије Коканов, костимограф е Маја Марковиќ, а композитор е Лука Мејџор.

„Веднаш по објавувањето збирката кратки раскази „Мојот маж“ предизвика големо внимание на критиката и читателската пубила“, додаваат од ЈДП.

Книгата на Бужаровска по објавувањето беше една од најчитаните домашни литературни дела во земјава, а се најде и на листата на најчитани книги и во регионот. „Мојот маж“ пак во театарска форма имаше премиера на почетоков на годинава во Драмскиот театар во Скопје во режија на Нела Витошевиќ. Претставата во октомври беше поставена и во Словенечкиот народен театар, во режија на Ивана Ѓилас.

Проба од претставата „Мојот маж“ (фото: ЈДП)

*Текстот е преземен од Радио МОФ