ВЕСТИ, УБАВИ НЕШТА

„Локомотива“ стана членка на ЕДН

Проектниот простор Кино Култура, претставуван од Локомотива, стана член на ЕДН – Европската мрежа на танцови куќи /EDN – European Dancehouse Network/.

„Ова учество во мрежата ЕДН, значи за нас дека Кино Култура како проектен простор за современи изведувачки уметности, меѓу кои, танц и перформанс беше препознаен и поддржан од меѓународните партнери“, велат од Локомотива.

Партнерот Локомотива како членка на мрежата ќе има можност да ги зајакне механизмите за застапување и залагање за постојан простор и институција која ќе го поддржува развојот на современите изведувачки уметности, како танц и перформанс, во земјата.

„Се надеваме дека локалните и националните власти конечно ќе ја препознаат потребата за ‘дом’, или еден одржлив простор и институција која ќе одговори на потребите на уметниците кои творат во тоа поле во земјата, а ќе помогнат овој проектен простор да прерасне во еден таков “дом’’.
Покрај нас, како нови членки на мрежата беа прифатени и две други организации од регионот: Станица сервис за современ танц, од Белград и Дерида танцовиот центар, од Софија“, додава Локомотива.

ЕДН е мрежа за соработка и доверба помеѓу европските танцови куќи кои споделуваат заедничка визија за интернационален развој на танцовата уметност, управувана од нејзините членови преку Собранието и одборот на директори. Клучна мисија на мрежата е да соработува за да обезбеди одржлива иднина на танцовиот сектор и да ја подобри релевантноста на разновидните изведби во општеството. ЕДН поддржува платформа за меѓукултурна размена, развива заеднички проекти, споделува увид во, и ги доразвива нашите организации, благодарение на информациите од здруженија, работа на теми од културата за вклучување на малцинствата и поттикнува активна кампања за културно учество, промовира размена за уметнички развој, курира, презентира, копродуцира проекти итн.

Досегашни членови на мрежата се: Dampfzentrale Bern (Швајцарија), Dansens Hus (Шведска), Bora Bora (Данска), Dance House Lemesos (Кипар), Dance Limerick (Ирска), Kino Šiška (Словенија), Mercat de les Flors (Шпанија), DanceEast (Велика Британија), TROIS C-L (Луксембург), La Briqueterie (Франција), Tanzhaus nrw (Германија), Sadler’s Wells (Велика Британија), KLAP (Франција)Centre National de la Danse (Франција), Dansateliers (Холандија), Art Stations Foundation (Полска), Dance City (Велика Британија), K3 Zentrum für Choreographie (Германија), HELLERAU (Германија), STUK (Белгија), Form (Финска), Dansmakers Amsterdam (Холандија), DansBrabant (Холандија), Centro per la Scena Contemporanea (Италија), Base Dance (Велика Британија), Hrvatski institut za pokret i ples (Хрватска), Tanec Praha (Чешка), Dansehallerne (Данска), Tanzquartier Wien (Австрија), Dance Ireland (Ирска), Association pour la Danse Contemporaine (Швајцарија), Dance Gate Lefkosia (Кипар), La Place de la Danse (Франција), Tanzhaus Zürich (Швајцарија), The Place (Велика Британија), Trafó (Унгарија), Maison de la Danse (Франција), O Espaço do Tempo (Португалија), Duncan Dance Research Center (Грција), Dansens Hus Oslo (Норвешка), DeVIR | CAPa (Португалија), Lavanderia a Vapore (Италија).

*Текстот е преземен од makfax.com.mk

МКЦ