ВЕСТИ, УБАВИ НЕШТА

LE GUESS WHO? ОN – REPORTS FROM OTHER CONTINENTS

Како резултат на светската пандемија, Le Guess Who? фестивалот од Утрехт, Холандија, се адаптираше во 2020 година да биде домаќин на новиот хибриден настан – ON/OFF, дводелна програма за меѓународни и локални посетители. LGW ON ќе започнe свој сопствен ТВ канал од 13-15 ноември. Еден од највозбудливите елементи на LGW ON е лансирање „Извештаи од други континенти“ во кои луѓето од целиот свет споделуваат видеоизвештаи за теми како што се уметност, култура и музика од своите заедници, направени специјално за и по нарачка на Le Guess Who?

„Извештаи од други континенти“ е платформа на која луѓето ја раскажуваат својата приказна. Типично, Le Guess Who? би ги споделиле овие видови посебни светски музички традиции и културни случувања преку концерти и изведувачи; но бидејќи не беше можно оваа година, решиле да посегнат до неверојатната и обемна мрежа од уметници, музичари, креативци и нивни претставници со кои работеле низ годините за да најдат приказни од нивните локални заедници што треба да се споделат со светот. Викендов споделуваат извештаи од 20 различни локации, меѓу кои и Скопје.

Други програми претставени на LGW ON се филмови; документарни филмови избрани од минати фестивалски изведувачи (како Phil Elverum/Mount Eerie, Matana Roberts, Lucrecia Dalt и John Dwyer/Thee Oh Sees); претходно невидени во живо снимки од фестивалот (Sun Ra Arkestra, Mary Margaret O’Hara, Circuit des Yeux Ensemble, and Nicolas Jaar x Patrick Higgins’s AEAEA project); zoom-интервјуа; и недостапна видеоуметност.

програма
МКЦ