УБАВИ НЕШТА

„ГЛУМИЦИ“ – рецензија на Ана Стојановска

„Едноставно, ако не сте спремни да им погледнете и на театарот и на најтешката театарска професија и уметност директно во очи, тогаш не ја гледајте оваа претстава“

. . .

(За претставата „ГЛУМиЦИ“ на колективот „Артопија“, изведена во МКЦ на 30.3.2022, како колективно авторство,
дизајн на сценски простор Ненад Тонкин, авторска музика на Дино Имери)

Театарска рецензија, Ана Стојановска |
За претставата „Глумици“ на Артопија

Пречекани од гласот на актерката Слободанка Чичевска од Велес, што го раскажува својот животопис, отворајќи ги сите добри и лоши страни на актерството, женскоста, мајчинството и работата во сите (не)возможни услови, влеговме во Дансинг салата на МКЦ, во неформално структурираниот простор, на кој се сместени и актерите и актерките на оваа мошне интригантна, вознемирувачка, силноекспресивна и моќна театарска претстава на колективот „Артопија“ и како публика – директно и бескомпромисно бевме вклучени во нивната изведба на претставата „ГЛУМиЦИ“. 

Претставата е конструирана како интерактивна претстава во која секој(а) од актер(к)ите дава приказ на својата актерска професија, истовремено вовлекувајќи ја публиката во секој од сопствените актерски фрагменти, комплетно посветени да ни ги прикажат сите страни на актерската уметност и оние блескавите (како светликавите фустани и конфетите на крајот) и оние суровите (како потресните навидум комични интервенции на тема каква треба да биде една актерка) и оние видливите (како сите предрасуди за актерките како жени) и оние невидливите (како сите оставени траги/лузни/стигми на нивните тела затскриени со шминка).

Целиот текст е на gledaj.mkc.mk