„Ја сакам оваа претстава и многу сум благодарен што ја имаме на англиски и на други јазици. Ова е општествено силен и прекрасен експеримент. Ме трогна и ми дозволи да почуствувам огромна благодарност кон феминистичката уметност што го поврзува нашиот гнев со солидарноста. Милион ‘благодарам’!“
Џудит Батлер, филозоф и родов теоретичар
Џудит Батлер, филозоф и родов теоретичар
„Нашите најискрени честитки! Амазон го номинираше ОДЦ Ансамблот како ‘лауреат вон категорија’ за претставата „Траги од Антигона“. Кураторите Елс де Вос (Универзитет Антверп) и Хермес Роланд (УЛБ, Брисел) и директорот на ‘Amazone Awards’ беа толку импресионирани од концептот, содржината и естетскиот квалитет на „Траги од Антигона“, што одлучија да додадат специјална номинација.“
Жирито на Amazone Awards
Жирито на Amazone Awards
„Прекрасно е да се гледа претстава на ЗУМ, која всушност изгледа добро. Ова е сериозно и најчесто возбудливо истражување на несигурниот свет во кој живеат младите жени; полно со зачудувачки слики, резултат на внимателна, врвна работа на голема компанија.“
Марк Куртис, ReviewsGate.uk
Марк Куртис, ReviewsGate.uk
„Моќно. Многу моќно. Грчко чувство за трагедија, и начинот на кој е пренесена во нашето време е многу, многу моќно. […] Ели Ппаконстантину ја зема во своите раце кутијата на Антигона и ја распарчува. Во неа става сѐ што е митолошко и го уништува. Таа ги истражува причините за кршењето на еден мит. Што останува?“
Марко Раналди, www.Sipario.it
Марко Раналди, www.Sipario.it