ВЕСТИ, УБАВИ НЕШТА

CROSS ŠTREAM X MKC SKOPJE

Cross štream – меѓународна музичка програма во соработка со нашите пријатели од Kino Šiška (Љубљана) во време на корона. Заедничка онлајн соработка што нуди по еден македонски и еден словенечки изведувач во секој од договорените термини.

Идејата дојде по двете претходни соработки на кои ги видовме Светлост + Odron Ritual Orchestra и Охоло! т.е. YÖU и Дежурни кривци.

Програмата и нешто повеќе за словенечките бендови:

четврток, 28. 5.
21:00 štream x KAPA Records: NINA BULATOVIX
22:15 cross štream x mk1 skopje: Rib Live

Nina Bulatovix е нагазна мина и плач на незадоволство воедно, нејзиното гестикулирање, вртење со очите, валкана ритам-машина; кршење на сцена, бариера, едноставноста во давањето назад; панк!; бас и тапан и вокал во едно – далеку од неконтролирано грчење, повеќе е шах со црни фигури. Одговор на некакви залагања, пријателства, временски период, начин на размислување, борба, живот. Што било. За нешто. За некого. За нас. Nina Bulatovix со нова доза музички отпор и најава за третиот албум „Заб за заб“.

вторник, 2. 6.
21:00 štream x Kataman: N’TOKO
22:15 cross štream x mk1 skopje: Druggy x s.a.m.

N’toko е од оние уметници чија музика и лирика е посебно наменета за овие необични времиња во кои живееме. Од индустриската волшебност на продукцијата Блаж за најновиот албум Емирати, на посочената и утописка класна анализа на словенечките стихови, живиот опус на N’toko нѐ носи низ целата апсурдност, гнев и надеж во ова карантинско време.

вторник, 9. 6.
21:00 štream x you have no choice: Кукла & Balans
22:15 cross štream x mk1 skopje: Blackstate

КУКЛА е самопрогласена словенскa гангста-гејша поп-уметничка. Пеејќи главно за оружјето и љубовта, КУКЛА константно се бори со себеси и со надворешниот свет. Нејзиниот поп-звук го доловува нејзиниот пол, непотврдувајќи ја западната младина, додека сè уште се држи до посебната словенска интроспекција и фатализам.
Очиглена е сличноста со српските пејачки од ерата на Милошевиќ и гест кон божиците на R&B од американската ера на Буш. На сцена го спушта гардот, го збогатува нејзиниот карактеристичен звук со блескави визуелизации и го остава срцето на тацна.
Уживајте! Добредојдовте во светот на КУКЛА.

Нојс-поп, импровизациски краут и етерични дарквејв се спојуваат во лоу-фај баланс. Совршено хаотичен фокус на љубљанското арт-дуо создадено од Кристин Чона и Андреј Первање. Нивниот експериментален аудиовизуелен настап со хипнотички ритам на гитарите, ретро матрица и провокативно пеење за баналноста на секојдневието, често е придружен од озвучен плач и остри свирежи. Нивното неконвенционално музичко истражување може да се види на нивните четири албуми. Последните два, “bunkerpop” (2017) и “kva je s tabo” (2018), издадени од ШОП рекордс, заедно со турнејата од концертниот циклус на Радио-Тутудент Клубски Маратон ги прави Баланс кај еден од најистакнатите претставници на локалната подземна сцена.

четврток, 11. 6.
21:00 štream x, ksw: The Canyon Observer
22:15 cross štream x mk1 skopje: My Tear

Нивната музика содржи скриен грув, силно матните вокали ја прават лирика целосно неразбирлива, одземајќи им го значењето на гласовите и ги трансформира во уште еден инструмент во ѕидот од звуци.

вторник, 16. 6.
21:00 Štream: Pijammies
22:15 cross štream: Црнила Remix

Pijammies се едно од најслатките откритија во словенечката музика во последните неколку години. Овој слободномислечки, далекусежен и крајно енергичен музички колектив се стреми кон стилска отвореност и слободно изразување. Свираат мешавина од џез, фанк и фјужн, како кај легендарните Weather Report, како и кај нивните современици Snarky Puppy. Класичниот и џез израз се гледа во нивните глатки композиции, свежиот пристап и особено нивниот постојан нагон да истражуваат. Заробени од нивниот еклектицизам и ритмичка затегнатост, немате друг избор освен да зјапате со стравопочит или да се препуштите на танцот.

МКЦ