Во склоп на 50 години МКЦ најавуваме и нова возбудлива содржина – ART GAMES!

Порив е вашата креативност, оружје е вашиот талент, а местото на битката е МКЦ.

Тридневен настан на кој сите уметници и креативци може да ги тестираат вештините и да се борат за големи награди. Станува збор за активности внимателно смислени да ги стават на тест сите техники, целата креативност и да ве поттикнат да дадете сѐ од себе.

Пријавувањето е во тек! Можност за пријавување имате до 5 јуни до 12:00.

Право на учество има секој што е доволно храбар и креативен, возрасната граница е од 18 до 40 години. Начинот на аплицирање е едноставен:
– Направете кратка биографија и пратете ја на info@mkc.mk, внимавајте да е со наслов (Subject) ART GAMES.

Главната награда е 50.000 денари. Останатите награди вклучуваат ваучери за билети во МКЦ, изложби и многу други придобивки.

Играта трае од 15 до 17 јуни.

*Начинот на селекција ќе биде извршен од интерна комисија формирана од колегиумот на МКЦ.