ОТВОРЕН ПОВИК
За учество во креативни работилници за деца од 8 до 12 год!
Кога?
Од 7 до 14 јули 2023.
Каде?
Во просториите на Детскиот креативен центар во Младински културен центар, Скопје.
Што?
Креативни и едукативни театарски работилници во кои децата ќе работат во неколку фази преку учење, истражување и дискусии за еколошки теми (важноста од чиста и здрава средина, чист воздух, зачувување на водите во океаните, реките и езерата, екологија во градовите и селата итн), понатаму со креативно пишување и подготовка на сцени и изработка на театарски кукли/сценографија/костими од рециклирани материјали и разновиден отпад, кој ќе го претвориме во уникатно уметничко дело.
Времетраење?
Работилниците ќе траат од 7.7. до 14.7. со времетраење од 2 часа – од 11:00ч до 13:00ч.
Секој учесник има задача со себе да донесе некаков вид отпад:
– пластика (шишиња, предмети, туби, кофи, ќеси, мушами, играчки, прибор за јадење, чинии, очила, кабли, четки за заби и др.)
– текстил (стара облека, чорапи, чаршафи, кондури, волница и др.)
– дрво (предмети, играчки, метли, прибор за јадење и др.)
– метал (играчки, алати, очила, антени, секакви дребулии и др.)
– хартија (картони, кутии, хамери, весници, оштетени книги и др.)
Пријавување со вибер-порака со име и презиме и возраст на детето, или повик на броевите:
078832595
076526256
076526257
Ве очекуваме на незаборавна и креативна летна дружба!