ПОВИЦИ

ПИСМА ЗА СОГЛАСНОСТ, МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА 2023

Драги наши пријатели и соработници,

Сите вие што аплицирате на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година на Министерството за култура и имате потреба од писма за согласност за користење простор во МКЦ, ве молиме да ни се обратите на info@mkc.mk, со име на апликантот, име на проектот и период во кој би се реализирал истиот, надоцна до 10 ноември. Колегиумот на МКЦ во најбрз можен период ќе ги разгледа пристигнатите апликации и ќе ви одговри.

Со оглед на обемната програма и натрупаниот распоред оваа година, за идната 2023 година селекцијата ќе биде построга со цел да имаме повеќе простор за подготовка и подобра услуга кон нашите соработници.

Ве очекуваме.