ПОВИЦИ

Расположени за пичинг – Cinedays работилница

Како да се претставите себеси и вашиот проект пред индустријата
Доаѓа момент кога треба да презентирате проект за да најдете спонзори или да добиете креативна помош. Тогаш треба да бидете свесни за ситуацијата и да имате своја визија за првите чекори на пазарот. На работилницата, Габриеле Бруненмејер, консултантка за пичинг и сценарија, ќе ве воведе во темата и ќе ви објасни што треба, а што не треба да правите при презентација на проекти, по што ќе следат практични вежби.

Габриеле Бруненмејер е ментор за сценарија, проектен консултант и обучувач за пичинг (презентација на бизнис-идеи). Била уметнички советник за Maia Workshops, консултант за Kuratorium Junger Deutscher Film, развивала настани за Конектинг Котбус и IDM филмската конференција Incontri, а моментално работи на „Запознај го соседот“ во Лајпциг. Покрај тоа што работи како консултант на развој на сценарија, пичинг за индивидуални проекти, работи како консултант и за First Films First програмата за рарзвој на сценарија, програмите за развој на сценарија и проекти на MIDPOINT, програмата за презентација на сценарија на Interfilm, Берлинале таленти, Сараево таленти, Балтичкиот форум за пичинг, филмската работилница FilmProSeriesEA, Court Metrage на Канскиот филмски фестивал и многу други.