ПОВИЦИ

Cinedays – повик за работилница за деца

Cinedays отворен повик за работилницата „Основи на филмскиот јазик“, наменета за деца до 15 години, која ќе се одржи на 16 јули во 11:00 во џебното кино во МКЦ. Работилницата ќе ја води Саша Станишиќ, дипломиран филмски и тв-режисер.
Една од главните цели на оваа работилница е учесниците да добијат разбирање за основните елементи на филмскиот јазик. Наменета е за почетници и млади, кои сакаат да се занимаваат со филмска режија преку која ќе се запознаат со изразните можности на филмскиот јазик, неговата граматика и синтакса.

Бројот на учесници е ограничен на 15.

Пријавување на stanisik@yahoo.com