Cinedays отворен повик за работилницата „Self-Tape и онлајн-кастинг во дигиталната ера“, која ќе се одржи на 15 јули во 11:00 во џебното кино во МКЦ. Работилницата ќе ја води Луси Ленокс, наградувана кастинг-директорка, која има работено со големи имиња како Нетфликс, Амазон и МедиаПро, како и со многу независни европски режисери. Таа ќе го објасни процесот од гледна точка на кастинг-директор и потоа ќе работи со актерите за да се погрижи целосно да го искористат ова и да ја усовршат техниката на самоснимање. Ќе сподели совети како да се подготват и ќе работи индивидуално со секој актер.
Актерите треба да испратат своја кратка биографија (по можност на англиски) и фотографија, а потоа ќе добијат извадоци од сценарио за да можат да направат снимки.
Работилницата ќе биде одржана само на англиски јазик.
Максимум 14 учесници.
Времетраење: 4 часа
Потоа следува Q&A со Луси (90 минути) на кое присуството не е ограничено.
Пријавувањето трае до 7 јули (петок) на info@mkc.mk.
НЕ ПРОПУШТАЈ!