Драги пријатели,
Ве информираме дека почнувајќи од 11 март, секој петок и сабота Младинскиот културен центар ќе организира отворени предавања во Планетариум.
Предавањата ќе се одржуваат во два термини и во петоците и во саботите, а истите ќе ги држат нашите ценети предавачи Филип Парталовски и Радан Митровиќ.
– Петок 19:00 – предавања за возрасни категории;
– Сабота 19:00 – предавања за најмладите вљубеници во небото и небесните тела и феномени (од 5-10 годишна возраст);
Билетите можете да ги набавите на билетарницата во МКЦ по цена од 150 денари.
Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар (МКЦ) и неговиот влез е од страната на реката Вардар.
- Капацитет на едно предавање е 70 лица.
- Поради ограничените капацитети, претходни резервации не се примаат.
