„Поместени граници“ е проект што се реализира под покровителство на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а годинава ќе имаме можност да го видиме неговото трето издание под наслов „Молк за…“.
Проектот „Поместени граници“ се стреми во надминување на традиционалниот модерен приказ во ликовната уметност со тоа што, додавајќи му концепт на делото (концепт што зборува преку една можеби препознатлива идеја) прави обид, а тоа е всушност и една од основните цели, да ги претстави и доближи кон пошироката публика новите аспекти на уметничкото истражување на различни начини. Овој проект има концептуален карактер, што значи дека се занимава со промислување, преиспитување, анализирање, критикување, лично видување/чувствување на стварноста, на нашето живеење.
На изложбата што ќе можете да ја видите во галерискиот простор на Младински културен центар – Скопје на 22.4.2019, понеделник во 20ч.

Учествуваат авторите:
Моника Мотеска, Зорица Зафировска, Нехат Бекири, Андреј Митевски, Софиа Григориаду, ОПА, Антонио Пирковски и Лени вон Гелева, Никола Узуновски, Ремијон Проња

Сподели