Бесплатна детска работилница за визуелен КАРАКТЕР-ДИЗАЈН на градот.

Оваа работилница има за цел да создава свој автентичен лик за градот и презентира книга за градот и неговото доживување преку дигитални дизајнирани ликови и објекти од фантазијата на уникатниот графичкиот дизајнер Васил Шемковски.

Неговата книга со наслов „Скопје 091“ за издавачката куќа ТРИ е една од најпродаваните книги во градот.

Боенката за возрасни „Скопје 091“ на последниот саем на книга ја освои првата награда за „Најкреативно издание“.

Во работилницата децата ќе имаат можност да соработуваат со авторот, да изработат свој уникатен и автентичен визуелен карактер-дизајн, креативен лик и стрип јунак од разиграните детски мисли, дел од изработените илустрации за нивниот имагинарен лик ќе се најде во некое негово следно издание со свој концепт-дизајн во соработка со Детскиот креативен центар
Нашата идеја да креираме, илустрираме и да го преставиме градот преку детски приказни сликовито со содржини и мали пораки.

• Локација: Детски креативен центар при МКЦ
• Одржување: Сабота 11.05.2019 / Почеток 12-14 часот
• Ментори: Васил Шемковски – графички дизајн-илустратор, Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник
• Времетраење: 2 часа
• Возраст 5-10 години
• Максимален број учесници: 20
• Пријава: nesovskidoro@gmail.com
• Материјали: Хартија, моливи, дрвени боички, фломастери, темпери, колаж, пластелин, глина.

Програма:
12:00 – 12:15 – пречек
12:15 – 12:35 – презентација на книгата „Скопје 091“ и вовед во работата
12;35 – 13:15 – изработка на визуелен карактер дизајн на градот
13:15 – 13:30 – пауза
13:30 – 14:00 – доизработка и презентација на карактерот
14:00 – заминување

Работилницата е поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија и е дел од програмата ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ 2

Интерактивни разговори се серија детски работилници, мултидисциплинарен проект, која експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори, 3D-моделатори, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукација во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Неговата намера е да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Сподели