За VOJKO V не знаеме дали треба некаква специјална најава. Во 2018 година го објавува својот прв сингл „Војко“, станува татко, освојува 3 награди Порин во 2019 – албум на годината, видеоспот на годината и клубски албум на годината. Одржува голем број концерти низ регионот, објавува две сликовници за деца и да – уморен е.

Тешко е да се издвои поуспешен и поголем сингл од овој, па можеби е поедноставно да се наредат сите останати по својот датум на излегување. Во јануари 2018 го објавува синглот „Зови човика“, а потоа го руши интернетот со „Паста италиана“ и соработката со Тончи Хуљиќ. Пред концертот во распродадениот Дом спортова, објавува видеоспот за песната „Како то“, кој Vojko V го лансира во моментално најсвежиот и најжешкиот изведувач во регионот. Доказ за тоа се распродадените концерти во Загреб, Белград, Сараево, Мостар, Ријека и Сплит.

Така продолжува и во 2019, па скоро и да нема град или фестивал во регионот каде што нема свој настап, а неверојатната рекордна концертна сезона во 2019 година завршува со објава на синглот „Моја липа“.

Во 2020 можеби бил уморен, но во 2021/22 веќе е спремен за враќање на бината и нови концертни предизвици, најавени и со неговиот најнов сингл „Мамиќи“ во соработка со младиот рапер Грше.

Настапот на VOJKO V е дел Liveurope-програмата на МКЦ. Liveurope е првата паневропска иницијатива што ги подржува напорите на концертните сали во промоција на надоаѓачки европски артисти.


  • LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.