Liveurope - МКЦ

They Drive by Night + Нико Николиќ

They Drive by Night е бенд настанат од музичкиот проект на визуелниот артист Немања Николиќ.
Започнат како минималистичка интерпретација во стонер рок манир, а подоцна се развива со поеклектичен и елекричен пристап кон различни, но воглавно гитарски музички жанрови. Бендот го карактеризира дисторзиран гитарски звук поддржан со цврсти, мантрични ритмови, пратен со текстови кои реферираат на кинаматографија, поп култура или визуелна уметност и книжевност како во случаи кога текстот во песните е „позајмен“ од уметницата Барбара Кругер или Станислав Винавер.
Во текот на годините и работата со различни соработници, покрај Немања Николиќ како фронтмен и гитарист, како стална постава на бендот се појавуваат гитаристот Бојан Николиќ, Владимир Миличевиќ на бас, Павле Попов на тапани и Ива Кузмановиќ како вокал.

Нико Николиќ е нов кантавтор од Белград, а неговиот дебитантски албум „Друго место” ве води на неодолива инди поп авантура.
”Друго место е вонсериски албум кој поседува нескриен, реформаторски ентузијазам, а со магичните lo-fi делници се отргнува од блескавата препотентност на музичката индустрија. Албум на кој неговиот автор камелеонски ја отсликува различноста на попкултурните (микро)квантни светови, истражувајќи ги соничните потенцијали на мултиверзната аудио библиотека… – Popscotch
Неговиот последен сингл „Звезда која ми треба“ го претставува неговиот континуиран развој како автор а воедно е и најава на неговиот втор албум кој го продуцира со Срѓан Попов.Како зрел текстописец на интимни песни со еклектични аранжмани, Нико Николиќ е растечка звезда во светот на инди музиката.
Албумот „Друго Место“ е издание на Више Мање Заувјек од Загреб, етикета која ги издава Свемирко, Џутко, Луул, Фантом, Пеки Пеле и грст други интересни изведувачи од регионот.

СТРИП ТРИП 2023
*музичка програма
*почеток 21:00
*влез слободен!
Концертот е реализиран во рамки на платформата Liveurope.


  • LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.