Liveurope - МКЦ

Space weaver

Space weaver е психоделичен рок бенд од Софија, формирани 2021 од страна на четворица млади дечки чиј заеднички интерес се психоделијата и гласните рифови. Заедно, Николај Маринов (гитара, вокал), Теодор Димитров (гитара), Симеон Бајатов (бас) и Михаил Ангелов (тапани) цртаат соничен пејзаж со ведар, сонлив карактер и доза на прог, најавувајќи сериозен рифовски напад на сензорните сетила, кои влечат во длабочините на амбисот. Главната цел на бендот е да исткае мрежа од вселенски грувови, кои флертуваат со бавни и тешки ритми, целосно внесувајќи нѐ во суперсонични вибрации.

Space weaver се дел од #Liveurope програмата на МКЦ.


Домашна поддршка: Преку ред.
Преку ред се рок бенд од Скопје формиран 2021 година. Составен од 4 членови, Никола Стоименов (бас), Христијан Тасевски (гитара), Горазд Митревски (тапани) и Антони Анев (вокал). Ниту еден од членовите не знае како се нашол во овој бенд, а нивна најголема фрустрација е тоа што ‘појачалата’ не одат до 11. Настапот на бендот е во соработка со здружението Култиватор.


  • LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.