Настапите на Possibility OF Island и Lastdodobird се дел од програмата Liveurope
Сара Ренар е наградувана кантавторка од Загреб и припаѓа на групата најпризнати музички имиња на новата генерација во регионот. Зад себе има пет дискографски изданија. Албумот „Деца“ 2014 година беше номиниран за наградата Порин за најдобар дебитантски албум.
Во последните пет години Сара има околу 250 концертни настапи низ регионот и Европа, настапувајќи на сите поважни регионални фестивали и онцертни простори. Освен авторската музика, соработува и на театарски проекти на групата Монтажстрој и уметничкиот колектив Скроз. Соработува со светски познати диџеи, книжевници и поети, работи на музика за мултимедиски проекти.
Добитничка е на разни европски признанија, вклучувајќи го проектот на ЕУ за поддршка на млади музичари.
Possibility Of Island е соло-проект на Љубомир Брашненков, мултиинструменталец и композитор во повеќе значаjни софиски андерграунд-бендови од последната децена, како „Осил Амук“, „Способ“, „АС“, „КсеТоФон“, Saturated Pixels и други. Во 2019 година излезе првиот албум на Possibility Of Island „Reflected” со експериментална инструментална музика – со амбиентална и трип-хоп насока. Имаат издадено и втор албум, со електроакустична театарска музика по Семјуел Бекет, а последниот (трет) албум „Theory Of Flight” (2021) се фокусира врз колаборациja со различни вокалистки од други слични проекти од Бугариja и Германиja.
Lastdodobird e нов музички проект на Ангел Додов, познат во минатото како басист и вокалист од дарквеjв-триото „Под дождот“, кое подоцна продолжи во соло-проектот „След дожд качулка“. Заедно со Љубомир Брашненков во последните 10 години соработуват во бендовите „КсеТоФон“ и Saturated Pixels, со кои имат настапувано со странски гости како Soviet Soviet, Neon Lies и Monozid на фестивали како Alarma Punk Jazz, Impossible Fest и други. Есенва се очекува деби-албумот на lastdodobird со електронски и синт-веjв композиции.
Во Скопje, Љубомир Брашненков, коj често бил гостин на некоj начин во проектите на Ангел Додов, и Ангел Додов, коj исто така често бил гостин на Љубомир Брашненков во неговите проекти, по прв пат ќе изведат заедничка програма на Possibility Of Island & lastdodobird со материјал и лаjв-аранжмани, спремени ексклузивно за овоj настап. Учеството на LivEurope во МКЦ е во соработка со концертната серија Alarma Punk Jazz (Софиja).

- LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.