Liveurope - МКЦ

Guadalupe plata & Short reports

Замислете слика. Мрсна залижана коса наназад и миризба на отстоена пот од кожна облека. Така одприлика звучат Guadalupe Plata. Бендот доаѓа од Андалузија, Шпанија и постојат веќе петнаесетина години. Имаат снимено 5 албуми со најава за ново издание, десетици синглови, додека пред две години издадоа албум и со Mike Edison, гаражна легенда од 80тите, некогашен тапанар на The Raunch Hands, денес рокенрол публицист.

На искусно уво, доволни се неколку преслушувања за да се препознае карактеристичниот звук на бендот. Иако од нивните песни извираат фламенко влијанија, нивната музика е долго возење преку блуз легенди како Dog Taylor, John Lee Hooker и Skip James, преку Ry Cooder, Marc Ribot, Captain Beefheart, шпагети вестерн па се до The Gun Club. Самиот звук на Guadalupe Plata е свеж, нов и максимално автентичен. Магијата која ја носи бендот со себе делува деликатно, како мрачен шамански обред. Музиката на Guadalupe Plata е сон на кој наутро ќе се сетите, па се обидувате да го дешифрирате и запаметите.

Членовите на бендот се виртуози на своите инструменти, во чие синхронизрано музицирање се препознава нивното долгогодишно познанство. Уиграноста во живо е еднавка на браќата Wright од NoMeansNo.

Чист рокенрол спектакл во живо, а така би требало да биде и на 14 април во МКЦ Скопје.

Билети по цена од 300 денари во претпродажба се достапни на билетарница МКЦ или на bileti.mkc.mk.

На врата, цена на билет ќе изнесува 400 денари.

Како загревање за настанот, ги очекуваме енергичните Short Reports од Нови Сад и домашните Vagina Corporation. Гостувањето на Short Reports е овозможено од платформата LIVEUROPE.


  • LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.