Liveurope - МКЦ

Кастиљо на CINEDAYS

Педро Кастиљо, синтисајзерист и придружен вокал на Савана и соработник со Дич Дејс, ги освои португалските и светските музички куратори со своите нежно меланхолични синглови што ги објавува од 2017 година па наваму. Додавајќи некои поживи нумери, ја создава основата на деби-албумот „Today We’ll Be the Lucky Ones“, трансформативен синт-поп бисер со раскошни синтисајзери и гитари, ведри вокали, рафинирана доза психоделија и енергичен карактер. Ќе нѐ посети како дел од својата прва европска турнеја. По настапот како предизведувач на четвртата европска турнеја на Лемон Лаврс со кои настапи во Франција, Луксембург и други земји, подготвен е да го претстави „Today we’ll be the lucky ones“ на својата прва турнеја во Европа.


  • LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.